1. Договори за соработка
Договорите се на различни
релации.
Оние кои се склучени со други училишта го збогатуваат процесот на учење и
создаваат нови пријтелства. Повеќедневниот научно-образовен престој во Печуј, Р
Унгарија, ги збогатува кулинарските вештини со нешто поразлично од нашите
знаења и навики, а секако создава сеќавања на прекрасно дружење во земја која
има исклучително богата култура. Освен во областа на угостителството,
соработката ги опфаќа и општообразовните предмети. Успешното учество на
конкурси организирани од амбасадата на Р Унгарија, ви дава можност за
стипендирано образование во оваа земја.
Договорите со угостителскиот сектор, претставуваат можност за усовршување
на професионалните вештини, можност за
заработка како награда од угостителскиот објект за добро завршената практична
настава, и оставаат простор за обезбедување на работно место по завршувањето на
средното стручно образование.
Договорите со невладини организации ги откриваат вештините за кои можеби и
не сте свесни дека ги имате.
![]() |
СОРАБОТКА СО УЧИЛИШТЕТО - СОУ „Нико Нестор“ од Струга |
![]() |
Центарот за средни училишта „Вилмош Жолнаи“ од Печуј – Р Унгарија ПОСЕТА НА УНГАРИЈА ВИДЕО КЛИК ТУКА
2. Учества на натпревари
Паралелно со
реализацијата на наставните планови и програми учениците учествуваат на
натпревари каде постигнуваат забележителнии резултати.
Учеството на натпревари, може да ве закити со награди кои ќе го отворат
патот на вашите амбиции. Не е мал бројот на ученици кои благодарение на
стекнато знаење во нашево училиште сега се професионални готвачи во земјите од
регионов. Нивната благодарност и почит кон нашето училиште ја искажуваат со тоа
што своето знаење го споделуваат на часовите по практична настава.
![]() ![]()
3.Можности
за развој на вештини и знаења
Кликни ТУКА за да разгледаш безброј можности, слики и моменти кои нашето училиште ги нуди на учениците.
Покрај
реализацијата на наставните планови и програми училиштето ги прифаќа поканите
за учества наработилници / обуки /
семинари.
Патувачката изложба „Ана Франк“
Во водичот по кој се спремаа нашите ученици за оваа изложба, за да ја презентираат во најдобро светло, наведени се неколку цели на изложбата. Јас ќе си земам за право да ги обединам во една и ќе кажам дека главната цел на изложбата е да допре до секој еден посетител, да го разбуди чувството на толеранција спрема разликите. Разликите се неприкосновени за секој општествен сисмем, меѓутоа не би смееле да бидат основа едните да бидат над другите...Директор на училиштето, Снежана Миленкоска
4.Учество во проекти
Кликни ТУКА за да видиш дел од проектите кои се одвивале во нашето училиште.
5.Домаќин на воспитно-образовни настани
Регионален натпревар по физика
Лидер на струка
Денот на мајчини јазици
Специјална олимпијада
.....
За повеќе кликни ТУКА6. Иницијатор на настани во насока на почитување на традиција и развој на туризмот За повеќе кликни ТУКА 12 години без Тоше Проески - Маратон 2019 from FUN production-Zoran on Vimeo. 7. Активна соработка со општинската организација на Црвениот крст 8. Еко поддржувач (за повеќе кликни ТУКА) Кликни ТУКА 10. Почитување на традицијата во одбележување на настани
Дел од матурската прослава
11. Подготовки за воведување кетеринг |
Comments
Post a Comment