Skip to main content

Почитувани полуматуранти,

Во услови на нормално фунционирање веќе ќе бевте наши гости и ќе го доживеевте училиштето во вистинска смисла. ОВА(кликни тука) e дел од атмосферата  од Отворениот ден на училиштето, кој неколку години се одржува и со задоволство ги пречекува оние кои сакаат да бидат дел од нашата приказна.


ЗА НАС

Во училиштето се реализираат наставни планови и програми од два вида на средно образование
-       Гимназиско
-       Средно стручно - угостителско-туристичко со следниве профили
·         Хотелско-туристички техничар – четиригодишно траење
·         Угостителско-туристички техничар – четиригодишно трање
·         Готвач – тригодишно траење
·         Келнер – тригодишно траење
·         Слаткар – тригодишно траење
Наставата се одвива во една смена, предпладне, со почеток во 07.30 часот, а завршува зависно од бројот на часови по распоред, најдоцна во 13.35
Во случај на повторна потреба од реализација на далечинско учење, училиштето веќе ја има воспоставено електронската алатка Edmodo а не се исклучени дополнителни електронски алатки зависно од можностите на учениците, а според препораките на МОН.

Училиштето има долга традиција но, за да го разбудиме вашиот интерес, ќе ви презентираме многу мал дел од неговите активности. Или поточно она по што се разликуваме од другите:

АКТИВНОСТИ ⤝ (кликни тука)

Ви испраќаме честитки за успешното завршување на основното образование и би ни било задоволство да бидете средношколци на СОУ „Наум Наумовски – Борче“, Крушево.

Училишната зграда и информациите за контакт може да ги најдите во најгорниот дел на страната - навигационата лента.

Comments